Лога очекува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Левица за Законот за матична евиденција

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда Кренар Лога изјави дека очекува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата од политичката партија Левица за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција предложен од Министерството за правда, со кој се предвидува националноста да се запише во матичните книги на родените, венчаните и на умрените.

-Очекувам дека мериторно Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата на Левица и Законот ќе биде во сила. Најавувам и дека штом ќе имаме одлука на Уставен суд ќе имаме и нови упатства и нови изводи што значи дека ќе се повтори праксата што ја воведовме и ќе имаме графа за националност во изводите за да ја спречиме злоупотребата при вработување низ цела држава, изјави Лога при посетата на Боговиње.



Во врска со сомнежите што ги отвори Антикорупциската комисија за пробиени матични книги  и трговија со лични податоци на граѓани при нивно пренесување во дигитална форма и дали може да се преземе заштита, Лога упати прашањето да се постави во Управата за водење матични книги.

-Треба да се обратите до директорот на Управата за водење матични книги, тој е одговорен за тоа прашање. Јас ниту имам такви информации, бидејќи тоа е посебен орган во состав на Министерството и најверојатно таму имаат некакви информации, рече Лога.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK