Пронајдени огревни дрва, приведен дрвокрадец од Кичево

drva kicevo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дваесет и четиригодишен жител од Кичево е приведен ноќеска откако при преглед на возилото што го управувал на патот од село Бигор Доленци кон населбата Бичинци пронајдени се огревни дрва без документација и две моторни пили. Лицето не поседувало ниту документи за возилото.

Од МВР денеска информираат дека е приведен  М.М синоќа во периодот меѓу 23:00 и 04:00 часот.


Исто така, на патот од с.Бигор Доленци кон населбата  Бичинци било забележано и друго патничко возило кое не застанало на знак за запирање по што двете лица кои биле во возилото  избегале, а во колата се пронајдени огревни дрва.

По целосно расчистување и документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK