СВР Тетово организира средби со угостители со цел да се превенира пукање на свадби


svr tetovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претставници на Отсекот за превенција на СВР Тетово неделава оствариле серија средби со сопственици или одговорни лица од тетовски угостителски објекти. На угостителите им било укажано да водат сметка за јавниот ред и мир, во и околу објектите и пред сè да водат сметка и да пријават пукање од огнено оружје за време на свадбени или други семејни свечености.

-Средбите ќе продолжат и во другите објекти (салони за свадби, ресторани и слично), при што се планира да бидат опфатени над педесетина објекти во Тетово, Гостивар и во повеќе села, каде најчесто се организираат свадбените свечености кои се во полн ек. Целта е угостителите непосредно да се информираат за нивните обврски како организатори на свеченостите и за последиците по јавниот ред и мир од незаконско пукање или приредување на огномети. Покрај тоа, на средбите, угостителите биле запознаени и со законските мерки за неовластено приредување на огномети или користење разновидна пиротехника на вакви свечености, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.


Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека пукањето и самоволното приредување на огномети е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваквите видови прекршоци, согласно членовите 31 и 32 се движи од 100 до 250 евра во денарска противвредност.

Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое согласно член 288 од Кривичниот законик предвидена е и затворска казна од шест месеци до пет години.

На граѓаните, исто така, им се укажува дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а нивните организатори навреме да ги спроведат пропишаните превентивни мерки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

(Видео) Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени Почитувани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет. Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%. Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година. За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети. Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени. Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците. Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард.