Во Крива Паланка синоќа џез концерт на „Гордан Спасовски трио“


kp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Публиката во Крива Паланка синоќа имаше несекојдневна прилика да ужива во настапот на „Гордан Спасовски трио”, еден од современите македонски џез ансамбли кој ја негува македонската џез традиција.

Концертот со репертоар од албумот „Лајт Пилар” (Light pillar) беше дел од програмата на „Кривопаланечко културно лето 2023″ во организација на Општина Крива Паланка, заедно со институциите од областа на културата, со поддршка од Министерството за култура.


-Препознатливата уникатност, енергичност и динамичност на изведбите на „Гордан Спасовски трио” вечерва беа вистински празник за уво во оваа топла јулска вечер на „Кривопаланечко културно лето”. Горд сум на нашиот Гордан, нашиот сограѓанин со препознатлив извонреден талент и квалитет од светски размери во кои имаа можност да уживаат и паланчани, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Културната понуда во Крива Паланка, како што додаде, нуди над 50- тина настани во јули и август, кои го раздвижуваат градот и привлекуваат бројна публика од соседните општини и регионот.

На летната сцена на плоштадот прозвучи оригинална музика компонирана токму од пијанистот Гордан Спасовски, но триото изведе и традиционални џез композиции, македонски изворни композиции со нови и оригинални аранжмани, со забележително влијание на големите мајстори на џез традицијата, но и со суптилни примеси на македонскиот изворен мелос.

Триото го сочинуваат: Гордан Спасовски на пијано, Кирил Туфекчиевски на контрабас и Виктор Филиповски на тапани, артисти веќе етаблирани на македонската и регионална џез сцена и редовно настапуваат со еминентните џез имиња: Мартин Ѓаконовски, Васил Хаџиманов, Еда Зари, ЗЏМ Биг Бенд, Џон Илија Апелгрен и други.

На програмата на „Кривопаланечко културно лето 2023″, вечерва е настапот на рокерот Дејвид Закиров, исто така кривопаланчанец, со специјална гостинка, вокал – Наталија Данаилова.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

(Видео) Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени Почитувани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет. Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%. Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година. За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети. Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени. Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците. Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард.