Со натпреварот Нов Зеланд – Норвешка, утрово (почеток 9 часот) во Оукленд ќе биде отворено Светското првенство за фудбалерки.
Во вториот денешен натпревар ќе се сретнат Австралија и Република Ирска. Овој натпревар почнува во 12 часот по македонско време.
Овој Мундијал е деветти и прв кој се игра во две држави – Австралија и Нов Зеланд.
На првенството за прв пат ќе учествуваат 32 репрезентации кои ќе бидат поделени во осум групи. Двете најдобри од секоја група ќе се пласираат во следната фаза. Ќе се играат вкупно 64 натпревари.
За најголемиот женски планетарен фудбалски собир владее досега невиден интерес. Продадени се околу 1,4 милиони влезници.
Бранител на титулата е селекцијата на САД. Американките се први фаворити за освојување на трофејот кој би им бил трет во низа.
Шампионатот ќе трае до 20 август.