Алкараз го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон

alkaraz
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон 2023. Денешниот меч беше решен по пет сета и траеше 4 часа и 42 минути.

Србинот ги доби првиот (6:1) и четвртиот сет (6:3), додека првиот светски рекет беше поуспешен во вториот на тајбрејк (8:6), во третиот (6:1) и во решавачкиот петти сет (6:4).


Алкараз по втор пат во кариерата освои Грен слем, а прв пат се искачи на тронот на Вимблдон.

Ѓоковиќ не успеа да стигне до 24-та Грен слем титула и повторно не направи „календарскиот шлем“.

Ова беше прв пораз на Ѓоковиќ на трева во последните пет години.

Вкупниот награден фонд на Вимблдон изнесуваше 57,3 милиони долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK