Ирачкиот премиер Ал Судани во официјална посета на Сирија


sudani
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани денеска во Дамаск се сретна со сирискиот претседател Башар Асад.

Ова е прва посета на ирачки премиер на Сирија од почетокот на сириската војна во 2011 година.


Асад и Ал Судани разговараа за прашања поврзани со безбедноста на сириско-ирачката граница, долга 600 километри.

Двајцата лидери на заедничката прес-конференција изјавија дека се договориле да соработуваат во борбата против трговијата со дрога.

Судани рече дека со Асад разговарале и за борбата против сушата што владее во двете земји.

Тој додаде дека Ирак го поддржува укинувањето на американските и европските санкции против Сирија, кои беа воведени во 2011 година.

Ирак и Сирија имаат блиски економски, воени и политички врски со Иран. Багдад и Дамаск одржуваа односи за време на сирискиот конфликт, иако другите арапски земји ги повлекоа своите амбасадори и ги затворија своите амбасади во Сирија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK