Анкета: Американците се песимисти за состојбата на американската демократија

sad new york
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Само еден од десет возрасни Американци би дал висока оценка за тоа како функционира демократијата во државата или како таа ги застапува интересите на мнозинството Американци, според најновото истражување на јавното мислење на Асошиејтед прес и Центарот за јавно истражување НОРЦ.

Повеќето испитаници велат дека американските закони и политика прават прилично лоша работа во претставувањето на она што го сакаат повеќето Американци, од прашања за економијата и трошењето пари до политиките за оружје, имиграција и абортус.


Истражувањето покажува дека 53 отсто од луѓето мислат дека Конгресот лошо работи за одржувањето на демократските вредности, а само 16 отсто мислат дека добро ја врши работата. Истражувањето покажува длабоко политичко отуѓување во поделената земја која излезе од пандемијата и влезе во закрепнување во услови на инфлација и стравови од рецесија.

Речиси половина од земјата, 49 отсто од анкетираните, сметаат дека демократијата не функционира во САД, додека десетина сметаат дека е многу добра, а 40 отсто дека не е лоша. Половина од испитаниците сметаат и дека сите партии лошо ја поддржуваат демократијата, 47 отсто од нив мислат така за демократите, а 56 отсто за републиканците. Истражувањето покажува дека 53 отсто од Американците веруваат дека ставовите на „нормалните луѓе“ не се застапени во владата, додека 35 отсто сметаат дека тие се претежно застапени, а 12 отсто дека се силно застапени.

Околу 6 од 10 републиканци и неопределени испитаници мислат дека владата не претставува луѓе како нив, како што сметаат 4 од 10 демократи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK