Почина родилката која имаше обид за самоубиство на ГАК

ginekologija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Родилката која пред околу две недели имаше обид за самоубиство на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје (ГАК) почина вчера, потврдуваат од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) за МИА.

Триесет и девет годишната родилка била донесена во ГАК во 36-та недела од бременоста. Било констатирано дека се работи за предвремено одлепување на постелката што ги загрозувало и мајката и детето и затоа била однесена во породилна сала и за 14 минути била породена со царски рез.


По породувањето таа се пожалила на вознемиреност и со неа бил извршен разговор со клинички психолог.

Ноќта околу 21:30 часот пациентката преку прозорецот во ходникот направила обид за самоубиство фрлајќи се од првиот кат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK