Што треба граѓаните да знаат за начинот на користење на услугите за бесплатна правна помош?

sud-sudenje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со цел да се информираат граѓаните за бесплатната правна помош  како и да се осигури подобра искористеност и пристап до овие услуги, ќе се организираат настани за подигање на свеста кои што ќе се одржат во наредниот пареиод, а ќе започнат со презентација во Богданци, на 16 јули 2023, 09:00ч пред градскиот пазар и на 17 јули во Струмица од 10ч пред ТЦ Глобал.

Оваа активност е дел од серијата активности за подигање на свеста, поддржани од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда, коишто ќе се одржат во различни региони во државата со цел е да се промовира користењето на бесплатната правна помош, со посебен осврт на ранливите категории.


Јавните промоции ќе допрат до разни локални заедници за да им дадат детални информации на граѓаните за тоа каде и како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции/организации ја даваат. За време на настанот, учесниците ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за коишто може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита, итн.

Оваа иницијатива е организирана во рамките на проектот „ За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“ дел од заедничката програма на Европска Унија и Совет на Европа  „Хоризонтален Инструмент III за Западен Балкан и Турција“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK