Реакција од СДСМ на изнесените ставови на Мицкоски за Иловица

sdsm
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

15 јули 2023

Проблемот со Иловица го создадоа ДПМНЕ и Груевски, на кого Мицкоски му беше советник


Безобразие е Мицкоски од криминалната ДПМНЕ која го создаде проблемот да зборува за Иловица.

Проблемот со Иловица го создаде токму неговата ДПМНЕ, неговиот Никола Груевски на кого му беше советник.

Во 2012 и 2013 година се започнати сите постапки за Иловица и доделени првите концеции.

Постапката за отворање на рудник во Иловица и склучувањето на договорот за концесија од страна на Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ, во време кога Мицкоски беше негов советник.

И денеска Мицкоски ли ќе зборува за Иловица?

Па има ли поголем безобразлук Мицкоски некого да обдинува?

Криминалец да обвинува за криминал?

Со години СДСМ се обидува да ја исправи неправдата врз граѓаните создадена од ДПМНЕ и заглавена во судски лавиринти.

Ставот на СДСМ за Иловица е ист како ставот на граѓаните од овој регион и не е променет, ќе се преиспитаат одлуките и нема да се дозволи загрозување на животната средина и постапки против волјата на народот.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK