Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира по 1 милион евра годишно за реализација на капитални инвестиции во Демир Хисар

mickoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Она кое што од вчера почнав да го најавувам во Прилеп како директна алокација на средства од централниот буџет за реализирање на капитални проекти во општините во Македонија, ќе биде секако и за Демир Хисар, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како што пренесуваат од ВМРО-ДПМНЕ, при увидот на градежни активности на улица „1-ви Мај“ во Демир Хисар, во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“, Мицкоски информирал дека за тоа се предвидени најмалку милион евра годишно.


– Што значи за еден мандат повеќе од четири милиони евра и тоа е надвор од буџетот на самата општина, а тоа се пари кои ќе бидат директно инвестирани за нови улици, за водоводна мрежа, за канализациона мрежа, рехабилитација на улици, игралишта и така натаму. Нешто што е суштински потребно за граѓаните насекаде во Македонија, тоа се директни средства кои ќе бидат реалоцирани од буџетот и кои што ќе бидат инвестирани овде во Демир Хисар, рече тој.

Градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски на настанот се заблагодари за поддршката и сподели неколку од спроведените активности.

– На улицата „1-ви Мај“ се изградени тротоари од  двете страни на улицата во должина од 2 километри, а непосредно од местото каде што се наоѓаме беше извршена комплетна реконструкција и на улицата „11 Октомври“. Проектот е во висина од 6 милиони денари, средствата се обезбедени од Пелагониски-плански регион и кофинансирани 10 проценти од локалната самоуправа на општина Демир Хисар, информираше тој.

Дополни дека покрај овие зафати во Демир Хисар се изврши промена на осветлувањето на главните улици, а една од нив е и улицата „1-ви Мај“.

– Поставени се нови лед светилки и на улицата „Битолска“, улицата „Гоце Делчев“ и дел од улицата „Маршал Тито“ како и на регионалниот пат кој што поминува низ Сопотница, дополни тој.

Градоначалникот кажа дека се при крај градежните активности за реконструкција на плоштадот во близина на Домот на културата во Демир Хисар, а се уредува и паркинг просторот на улица „Маршал Тито“.

– Минатата недела се завршени проектите за асфалтирање на улици во село Света, средства обезбедени од Бирото за регионален  развој, а после промената на водоводната мрежа во Слепче во должина од 600 метри пристапивме кон асфалтирање и рехабилитирање на улиците кои што беа опфатени со самиот зафат во висина од 3,5 милиони денари, обезбедени од буџетот на општина Демир Хисар, рече тој.

За втората половина од 2023 година вели дека ќе следи реконструкција на крак од улицата „11 Октомври“ од мостот на Стара Река до Соборниот храм „Свети Никола“ во Демир Хисар.

– После поставувањето на нова фекална канализација, барање на жителите на населбата Мургашево и на самиот храм кој што е веќе неколку години, мислам дека треба да се најави и еден поголем инфраструктурен зафат во населените места Кутретино и Суводол, исто со сопствени средства, со средства од буџетот на општина Демир Хисар планираме да изградиме и асфалтираме 9 улици во населените места Кутретино и Суводол, дополни тој.

Најдовски информираше дека е во тек јавна набавка за набавка на пет детски игралишта, фитнес парк на отворено.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK