Протест во Струмица против отворање на рудник во Иловица и Штука

protest rudnici
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со блокирање на централната градска крстосница во Струмица активисти и граѓани од Струмичко и регионот го искажаа своето незадолство од одлуките на судовите и Владата за спојување на концесиите експлоатација на минерални суровини на локалитети во општините Босилово и Ново Село за отворање рудник.

На протестната блокада беа истакнати барања за раскинување на концесиите, како и утврдување одговорност за сите кои придонеле за можностa да се отвора рудник во Струмичко.


Според Николко Танушев, активист на Коалицијата „Стига е“ и член на Советот на Општина Струмица, денешниот протест треба да ги замисли сите кои одлучуваат.

-Ниту во еден момент да не помислите дека е можен рудник тука во Струмичко. Такво нешто ќе предизвика отворени насилни судири и дестабилизација на државата. Рудник овде никогаш нема да има, порача Танушев, кој додаде дека со сите средства ќе продолжат да се борат против отворање рудник.

Стојан Велков Трн во своето обраќање истакна дека секој треба да го даде својот придонес и дека секој треба да се разбуди.

-Човеку со големо Ч напред разбуди се. Не е време за апатија и малодушност. Ти човеку треба жестоко да реагираш против неправдата и излези од сенката на стравот затоа што не сме сами и никој не е сам. Преземи акција и заедно ќе бидеме посилни, рече Велков Трн.

На говорницата обраќања имаа и други активисти и граѓани, кои уште еднаш повторија дека нема да дозволат да се отвори рудник во Струмичко.

На протестниот собир присутвуваа министерките Јована Тренчевска и Каја Шукова, пратеници од регионот, градоначалници, членови на Совети и Владиката Јаков од Струмичката епархија на МПЦ.

На денешниот протестен собир во Струмица реагираа од компанијата на „Еуромакс ресоурцес“, во кое меѓу другото истакнувата дека ги охрабруваат сите граѓани, во духот на партиципативната демократија, засилената улога на „граѓанинот“ и организираните форми на граѓанско здружување по прашања за заштита на животната средина-втемелени во Архуската Конвенција, преку дијалог да се информираат за сите процеси кои на било кој начин предизвикуваат вознемиреност во јавноста.

-Само со конструктивен дијалог и стручно презентирање на фактите сите загрижености ќе бидат соодветно адресирани. Во таа насока е и нашата безрезервна подготвеност да се формира „Независно Мониторинг Тело“ во кое ќе бидат вклучени заинтересираните граѓански здруженија, локалната управа и експертите за да го следат процесот на реализација и работење на идниот рудник, стои во реакцијата на „Еуромакс ресоурцес“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK