– Изложба на стрип од Фран Струкан од Хрватска беше отворена синоќа во Музеј галеријата во Кавадарци, во рамки на манифестацијата „Кавадаречко културно лето”. Автор на изложбата е Љубомир Михајловски.
Трајче Цветков, виш кустос во Музеј галеријата во Кавадарци, се осврна на стрип уметноста, нагласувајќи дека таа како концепт, во светот е определена како деветата уметност, која како медиум, има за цел да ни раскаже приказна, преку посредство на надоврзани слики. Цветков проговори и и за животот и делото на младиот графичар Струкан, кој има добиено голем број на меѓународни награди и признанија.
Михајловски изрази благодарност до Музејот, за соработката со Здружението на Хрвати „Веритас Кроација”. Тој нагласи дека во Македонија, полека но сигурно, стрипот си го добива своето место.
Јаким Зимоски, в.д. директор на Музеј галеријата рече дека изложбата е под покровителство на градоначалникот и Советот на Општината Кавадарци.