Топлотен бран ја зафати јужна Европа

topol bran
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Топлотен бран зафаќа делови од јужна Европа и северозападна Африка, со можни рекордни температури во наредните денови.

Се очекува температурите да надминат 40 Целзиусови степени во делови од Шпанија, Франција, Грција, Хрватска и Турција.


Во Србија во некои делови од земјата се очекуваат и 40 степени, додека Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за високи температури во втората половина на јули.

Во Италија температурите би можеле да достигнат и до 48,8 степени Целзиусови.

Во 10 градови, како Фиренца и Рим, е на сила црвен метео аларм.

Новиот најтопол ден во историјата – 6 јули 2023 година: Просечната температура на Земјата била 17,23 степени Целзиусови

Топлотниот бран „Цербер“ – именуван од Италијанското метеоролошко друштво по троглавото чудовиште од пеколот на Данте – се очекува да предизвика екстремни услови во текот на следните неколку дена.

Метеоролошката канцеларија вели дека температурите ќе го достигнат врвот во петок, а BBC Weather вели дека големи делови од јужна Европа би можеле да доживеат температури од 40 до 45 Целзиусови степени, а можеби и повеќе.

Топлините најверојатно ќе продолжат и во текот на викендот, додека BBC Weather прогнозира дека температурите во Прага, главниот град на Чешка, во сабота би можеле да достигнат до 36 степени, што е значително повисоки од просечните 24 степени во јули.

Највисоката температура во Европа од 48,8 степени Целзиусови е забележана во близина на Сиракуза на италијанскиот остров Сицилија во август 2021 година.

Повеќе од 60.000 луѓе починаа во Европа како последица на горештините минатата година.

Се стравува дека овој топлотен бран може да предизвика уште многу смртни случаи ова лето.

Топлотен бран е термин за период на топло време во кој температурите се повисоки од очекуваните за тој период од годината.

Експертите велат дека периодите на екстремно топло време стануваат се почести и дека климатските промени значат дека сега е нормално да се достигнат рекордни температури.

Европскиот центар за среднорочни временски прогнози објави дека на глобално ниво овој јуни бил најтопол во историјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK