Шефот на Канцеларијата на ЕУ во Приштина: Разочарувачки сцени на насилство во парламентот

tomas s
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на Канцеларијата на Европската унија во Приштина, Томаш Суниог ги осуди физичките пресметки меѓу власта и опозицијата што се случија вчера во приштинскиот парламент.

Суниог овие сцени ги нарече разочарувачки и рече дека во парламентот нема место за физички напади, туку треба да надвладее политичкиот дискурс и размената на идеи.


„Денес во парламентот беа видени разочарувачки сцени на насилство“, напиша Суниог на Твитер, додавајќи:

„Парламентот не е место за физички напади, туку место каде предлозите и политиките се дискутираат на демократски начин. Дискурсот и размената на идеи се основните темели на демократијата“, заклучи шефот на Канцеларијата на ЕУ во Приштина.

На тепачката во приштинскиот парламент реагираше и францускиот пратеник во Приштина, Оливие Геро.

Тој на Твитер рече дека „Косово“ што го сакаме е жива демократија“.

„Косово“ заслужува повеќе дебата и помалку тензии, суштина наместо конфликт“, напиша францускиот пратеник.

Во парламентот во Приштина вчера  во неколку наврати имало физички и вербални пресметки меѓу членовите на власта и опозицијата.

Аљбин Курти, премиерот на приштинските установи, беше полеан со вода за време на неговото обраќање, по што дојде до сериозен клинч меѓу пратениците, а седницата беше прекината.

Во моментот кога Курти го полеале со вода, вицепремиерот Курти Бесник Бислими со шише го удрил пратеникот на ПДК во лицето. Министерот за финансии Хекуран Мурати и други членови на парламентот и владините министри веднаш се приклучија на кавгата.

Претседателот на Собранието Глаук Коњуфца и наредил на полицијата да интервенира.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK