– Украина нема да прифати „замрзнат конфликт“ со Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесуваат украинските медиуми.
Тој потврди дека Киев си поставил за цел повторно да ги заземе сите окупирани украински територии.
-Сакаме да ги вратиме нашите земји, да ја вратиме безбедноста на нашата територија, да обезбедиме враќање на луѓето кои беа принудени да ја напуштат земјата и да ги казниме сите злосторства на руските вооружени сили, нагласи Зеленски во Вилнус по крајот на состанокот на самитот на НАТО во главниот град на Литванија.
Тој додаде дека ова ќе биде победа, а, како што нагласи, „замрзнат конфликт не е победа“.