Саудискиот фудбалски клуб Ал Хилал понуди околу 30 милиони евра за трансфер на српскиот репрезентативен напаѓач Александар Митровиќ од лондонскиот премиерлигаш Фулам, јави денеска британската телевизија Скај.
Според истиот извор, 28-годишниот српски напаѓач сака да го напушти Фулам и да се пресели во Саудиска Арабија.
Митровиќ изминатата сезона постигна 14 голови и му помогна на клубот од Лондон да заврши на 10. место во Премиер лигата.
Србинот го носи дресот на Фулам од 2018 година и два пати го водеше тимот од Чемпионшип во Премиер лигата.