Се породи поранешната најдобра светска тенисерка, Наоми Осака

naomi osaka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот светски рекет број еден во женска конкуренција Наоми Осака роди женско дете, објави синоќа американскиот магазин „Пипл“.

Истиот извор прецизираше дека јапонската тенисерка се породила во болница во Лос Анџелес и дека Осака и нејзиното бебе се во добра здравствена состојба.


Осака, која во кариерата освои четири грен – слем титули, објави во јануари дека е бремена, а на почетокот на јули обзнани дека очекува девојче со раперот Кордае, со кого е во врска од 2019 година.

Јапонската тенисерка својот последен грен – слем трофеј го освои во 2021 година на Австралија опен, а подоцна истата година објави дека боледува од депресија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK