Ред Бул заинтересиран за Леклер како тимски колега од Верстапен

lekler
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ред Бул му се обрати на возачот на Ферари, Шарл Леклер со барање за можен трансфер во нивните редови.

Според италијанското издание „Formu1a.uno“, застапниците на Моначанецот биле контактирани на крајот на мај и од нив се барале информации за шансите Леклерк да го напушти Ферари.


Во Ред Бул сакаат пилотот да стане партнер на Макс Верстапен. Интерес за 25-годишниот тркач покажаа и од Астон Мартин. Во Ред Бул, покрај Леклер, се интересираат и за Ландо Норис.

Претходно Леклер изјави дека нема да брза со продолжување на договорот со Ферари. Во тековната сезона во Формула 1 тој се наоѓа на седмото место во поединечниот поредок со 74 бодови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK