Фауната на Охридското Езеро збогатена со уште три вида досега незабележани и неидентификувани ракчиња и полжави

rakcinja-ohrid
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Два нови вида ракчиња се откриени при истражување спроведено на локалитетот кај изворите во Свети Наум  во водите на Охридското Езеро.

Станува збор за досега незабележани и неидентификувани два вида ракчиња и еден род на гастроподи (полжави).


Првиот од двата новооткрени видови полжави е именуван како  Ancylus naumiensis n. sp., вид кој за прв пат беше забележан во 1996 како „Ancylus sp. D“,  но не беше потврдена неговата посебност и карактеристики на нов вид, заради недостиг на морфолошко-таксономски податоци.

Уште поголемо е значењето и откритието за вториот вид – Ohridonaumia trajanovski n. sp кој е целосно новоопишан, и тоа не само како вид туку и како род кој за прв пат се спомнува за изворите кај Свети Наум. Уште еден  куриозитет за овој вид е неговата номенклатура, односно видот е именуван според  Проф. Др. Сашо Трајановски, еминентен и истакнат научен работник од Хидробиолошки институт во Охрид, во чест на неговата двеиполдецениска посветена заложба за заштита и промоција на Охридското Езеро и неговиот уникатен жив свет.

Новот научно откритие повторно ја потврдува и изнесува на виделина извонредната биолошка разновидност со која се одликува овој уникатен екосистем.

Откривањето нови видови е резултат на повеќегодишно истражување, спроведено во рамки на проектот „Извори Св. Наум – Биолошка и Инвенторизација на екосистемските услуги“, финансиски поддржан од УНЕСКО Канцеларијата за образование и наука во Венеција и добротворната „abrdn“ фондација.

Идентификацијата на новите видови е направена во соработка со Универзитетите во Белград, Подгорица и Лоџ (Полска) и вклучуваа морфолошки и генетски испитувања.

Описот и на двата вида, нивната ендемска природа и посебност повторно покренуваат низа научно-интригантни прашања за нивната еволутивна генеза но и  улога во деликатната рамнотежа на овој воден систем. Истите ја потврдуваат посебноста на изворите како извонредна природна креација и ја потенцираат потребата за нивна неодложна и долгорочна заштита.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK