На фестивал во Ресен Слободан Маруновиќ добитник на наградата „Актер на Европа“ за 2023 година

festival-resen
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Слободан Маруновиќ актер од Црна Гора, е годинашен добитник на наградата „Актер на Европа“ која во Ресен ја доби за улога во претставата „Последниот час на Његош“, работена по текст на Слободан Томовиќ, а во режија на Благота Ераковиќ, проект на Народниот театар од Подгорица.

Меѓународната жири комисија што ја предводеше Мето Јовановски и членовите Назиф Услу режисер од Турција, Елена Трајковска, актерка и Атила Клинче, актер и универзитетски професор, одлучија наградата „Млада Европа“ да се додели за меѓународниот проект под покровителство на УНЕСКО, „Среќата е нова идеја во Европа“ со учество на млади актери од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија, наградата Жак Лакариер се додели на Кане Кампман и Брајан Мајкалс од Германија за претставата „Разоткривање на минатото – Комуникација во и за Холокаустот“, додека наградата за најдобар драмски текст му припадна на Гоце Ристовски за дуодрамата „9“.


Според востановената традиција, синоќа во ресенскиот „Сарај“ беше доделена и наградата „Преспански Дионис“ која и припадна на Наташа Петровиќ од Србија за претставата „Чучук Стана“ на Народниот театар на Тимочка Краина „Зоран Радмиловиќ“ од Заечар, додека награда за најдобра претстава во целина доби претставата „Во името на таткото“ во продукција на Арт театарот од Цирих, Швајцарија. Текст Ридван Дибра, Режија Сулејман Рушити со актерот Даут Ахмети.мт/

Фото: „Актерот на Европа“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK