ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД 2023 ДОНИРАШЕ 36 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

videolotarija-donacii
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Видеолотарија Касинос Австрија како модерна компанија, настојува да одговори на предизвиците и условите со кои се соочува модерното време на бизнисот. Општествената одговорност стана деловен императив и глобална идеја, а општествено одговорната работа и одржлив развој, станаа своевидно светско движење. Нашата компанија настојува да го негува овој тренд. Сакаме да бидеме одговорни кон сите, посебно кон ранливите категории во нашето општество.

Во првата половина од 2023, од нашиот буџет одвоивме фонд за донации и спонзорства во вкупен износ од 36 020 865,00 денари. И овој пат без исклучок, сакавме да дадеме свој придонес во спортот, образованието, културата. За таа цел, во текот на оваа година обезбедивме 18 522 615,00,00 денари за спортисти и спортски клубови за фудбал, кошарка, бокс и тркачки спортови, како и 17 543 250,00 денари, средства за донации од јавен интерес.


Видеолотарија Касинос Австрија во склоп на своите заложби за општествена одговорност, ќе продолжи со реализација на амбициозниот проект за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја.

Со реализацијата на буџетот за донации, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните, кои ќе продолжиме да ги негуваме и надградуваме и во иднина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK