Вкупно 153 мерки, меѓу кои 18 за возење повеќе од дозволената брзина, изречени се вчера на територија на град Скопје во рамки на контролите во областа на сообраќајот од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје.
Како што соопшти МВР, изречени се и седум санкции за возење без возачка дозвола, четири за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест за минување на затворен сигнал – црвено светло, две за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.