Во нафтената рафинерија во сибирскиот град Ангарск во раните утрински часови избувна пожар, кој е изгаснат, изјави гувернерот на руската област Иркутск, каде што се наоѓа градот.
„Дозволете ми веднаш да кажам – нема жртви“, напиша гувернерот Игор Кобзев на Телеграм.
Причината за пожарот засега не е позната.