Зеленски: Апсурдно е да не и се понуди членство на Украина во НАТО

zelenski 222
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е апсурдно на Самитот во Вилнус да не и се понуди на Украина членство во НАТО.

Тој истакна дека Украина заслужува почитување.


– Се чини дека нема подготвеност Украина да биде поканета во НАТО или да стане членка на Алијансата. Тоа значи дека е оставена можност да се преговара за членството на Украина во НАТО во преговорите со Русија. А, за Русија тоа значи мотивација да го продолжи својот терор, посочи Зеленски.

Тој на Телеграм на англиски јазик напиша дека колебливоста е слабост и оти отворено ќе разговара за тоа на Самитот на НАТО во Литванија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK