Летонија следната година може да ги зголеми трошоците за одбрана на три отсто од БДП

karins
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот на Летонија, Кришанис Каринш изјави дека неговата земја следната година може да ги зголеми расходите за одбрана до три проценти од Бруто домашниот производ.

– Нивото од три проценти од БДП може да се постигне уште следната година, ако Летонија ги реализира плановите за купување на модерно оружје, посочи Каринш по пристигнувањето на Самитот на НАТО во Литванија.


Тој истакна дека Летонија очекува да ја постигне оваа цел во 2027 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK