За албанскиот претседателот Бегај, Самитот на НАТО е клучен момент за безбедноста на евроатлантскиот регион

begaj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанскиот претседател Бајрам Бегај Самитот на НАТО што се одржува во Вилнус, Литванија, го оцени како клучен момент за безбедноста на евроатлантскиот регион.

– Самитот на НАТО во Вилнус е клучен момент за безбедноста на евроатлантскиот регион. Одлуките донесени за време на овој самит ќе бидат корисни за зајакнување на кохезијата и единството на нашата Алијанса, како и за обезбедување засилена поддршка за Украина, напиша Бегај во објавата на Твитер.


По пристигнувањето во Вилнус реагираше премиерот Еди Рама Рама наведувајќи дека .„На Самитот во Вилнус сојузниците се посилни и порешителни од било кога за одржување на мирот, заштита на слободата и безбедноста на нашите народи.

Претходно тој најавуви дека на Самитот ќе ја потврди цврстата посветеност на Албанија кон НАТО и оти неговата земја е подготвена да ангажира дополнителни трупи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK