Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска пред почетокот на самитот на Алијансата го пречека австралискиот премиер Ентони Албанезе во Вилнус при што истакна дека Австралија е длабоко ценет партнер на НАТО.
Нагласувајќи дека безбедноста во евроатлантските и индо-пацифичките региони е тесно поврзана, Столтенберг му се заблагодари на австралискиот премиер за силната воена и економска поддршка на Австралија за Украина, која вклучува обука за украинските сили и обезбедување оклопни возила.
Столтенберг, исто така, го поздрави тоа што НАТО и Австралија го продлабочуваат партнерството во области како кибер, нови технологии и борбата против на хибридните закани.