Повеќе од 200.000 луѓе го посетија годинешниот четиридневен музички фестивал „Егзит“, којшто утрово заврши на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија, соопштија организаторите.
„Високофреквентната енергија на љубовта и слободата овие четири фестивалски вечери неспорно го допре секој поединец – и посетителите и најголемите светски музички ѕвезди“, се истакнува во денешното соопштение.
На овогодишниот фестивал, меѓу другите, настапија „Продиџи“, „Скрилекс“, Алесо, Нина Кравиц, Индира Паганото, Амели Ленс, „Виагра бојс“, „Епика“, Махмут Орхан, „Кокни реџектс“, Сенида, Мими Мерцедез, Сајси МЦ, Софи Такер, а беа одбележани и 50 години хип-хоп, со „Ву-Танг клан“. си/
Фото: Официјална интернет-страница на „Егзит“.