Избор од поезијата на Веле Смилевски објавен во Србија

kultura
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Србија деновиве излезе од печат избор од поезијата на Веле Смилевски под наслов „Песната палимпсест“. Издавач на книгата е „Арка“ од Смедерево, а составувач на изборот и автор на препевот е академик Ристо Василевски. Во толкувачкиот оддел објавен е есеј за творештвото на Смилевски под наслов „Новиот истражувачки дух во поезијата“ од академик Георги Старделов.

Како што информираат од Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“, изборот поезија е објавен во паралелен превод на македонски и српски јазик. Презентирани се циклуси од стихозбирките на Веле Смилевски објавени по 2000 година: „Педесет песни“, „Педесет допевања“, „Час по поезија“, „Забранета книга“, „Европа го зборува мојот мајчин јазик“ и поемата „Век за самување“.


Веле Смилевски е добитник на највисоките признанија за поезија: наградите „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата“ и „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија. Носител е на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на уметноста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK