На денешен ден

na denesen den
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

138.- Умрел римскиот цар Публиј Еилиј Адријан, кој по доаѓањето на престолот во 117 година откако увидел дека Римското царство слабее, се одрекол од освојувања и ги утврдил границите во Германија и во Британија. Бил голем почитувач на грчката култура и покровител на уметноста, пишувал стихови, вајал и сликал.

1509.- Роден е Жан Калвин, верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква. Следбениците на Калвиновото учење биле хугенотите, а во Англија пуританците. Умрел во Женева, на 27 мај 1564 година.


1559.- Умрел францускиот крал Анри Втори, татко на тројцата кралеви Франсоа Втори, Шарл Деветти и Анри Трети. Во текот на владеењето од 1547 година, како изразит римокатолик, со поддршка на сопругата Катерина де Медичи, го почнал систематското прогонување на хугенотите (француските калвинисти), со што во 1562 година ги предизвикал верските војни кои цели 36 години ја потресувале Франција.

1774.- По шестгодишната војна меѓу Русија и Османлиското царство склучен бил Кучук-канарџискиот мир со кој на Русија и било признато правото да ги штити христијаните и нивните установи во Турција, да има дипломатски претставници во турката влада, како и да отвори трговски конзулати во турските градови. Русија ја добила и тврдината Кинбурн на устието на Дњепар и Црно Море, Керч и Кеникал на Крим и слободна пловидба на трговските бродови по Дунав и во Црно Море.

1830.- Роден е Камиј Писаро, француски сликар, еден од главните претставници на импресионизмот, кој извршил големо влијание врз европското сликарство. Најмногу сликал предели и улици. Умрел во Париз, на 13 ноември 1903 година.

1851.- Роден е францускиот сликар Луј Жак Манде Дегар, пронаоѓач на „дагеротипијата“. Неговиот пронајдок ја овозможил изработката на првите типови фотографии.

1856.- Во селото Смиљан, Госпиќ, роден бил Никола Тесла, генијален истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката. Умрел во Њујорк, на 7 јануари 1943 година.

1871.- Во Париз е роден Марсел Пруст, француски писател и академик. Автор е на голем циклус романи. Умрел во Париз, на 2 ноември 1922 година.

1895.- Роден е германскиот композитор Карл Орл, автор на сценската кантата „Кармина Бурана“. Напишал „Музика за деца“, наменета за музичко образование на деца.

1962.- САД го лансирале телекомуникацискиот сателит за пренос на телевизиските програми од САД во Европа.

1973.- Бахамските Острови стекнале независност по тривековното британско колонијално владеење.

1991.- Борис Елцин ја презел должноста претседател на Русија како прв шеф на државата кој станал претседател со победа на избори.

1998.- Во Скопје умрел Атанас Близнакоф, основач на Фондот „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, прва од ваков вид на Универзитетот, од која се стипендираат студенти кои покажуваат особени резултати во студиите. Роден бил во село Д`мбени, Костурско, Егејска Македонија, на 15 декември 1901 година.

2001.- Во Скопје умрел Иван Дејанов, македонски академик, основач на трансфузиологијата и имунологијата во Македонија. Роден бил во Ќустендил, на 6 јануари 1931 година.

2006.- Загинал чеченскиот терорист Шамил Басаев. Тој и низа други терористи убиени биле од страна на руските сили за безбедност, во операција во Ингушија додека подготвувале терористички напади во кавказката област.

2006.- Полскиот претседател Лех Качињски го именувал својот брат-близнак Јарослав Качињски за претседател на владата. Ова е единствен случај во историјата на демократските општества.

2014.- Хеликоптерот МИ 17 на МВР се урнал околу 22 часот удирајќи во антенски столб околу индустриската зона кај Струмица. Хеликоптерот летал на релацијата Скопје – Кавадарци – Валандово – Струмица – Берово – Делчево и обратно. Во несреќата загинале Драги Мицев, Маријан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK