Милатовиќ за „Политика“: Доколку Отворен Балкан не се коси со Берлинскиот процес, може да биде користен

milatovikj_345435354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Доколку Отворен Балкан не се коси со принципите на Берлинскиот процес, може да биде користен како нова вредност за зајакнување на економската соработка во регионот, изјави за Политика црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ во пресрет на дводневната посета на Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој одговарајќи на прашање во интервјуто на денешна Политика за „Отворениот Балкан“, дали мисли дека приоритет на Црна Гора е регионалната економска соработка што се одвива во рамките на Берлинскиот процес, кој ги врзува економиите на Западен Балкан и кој го врзува Западен Балкан со ЕУ, одговори:


-Мојот став за ова, ми се чини, е јасен од самиот почеток. За нас приоритет на сите приоритети е членството во Европската Унија и соодветно на тоа, несомнената посветеност на Берлинскиот процес. Од друга страна, секоја економска иницијатива која носи нова вредност во однос на намалување на бариерите и зајакнување на економската активност во регионот, под услов да не се коси со принципите на Берлинскиот процес, може да биде корисна. Ова секако е прашање со кое ќе се занимава новиот Парламент и новата Влада на Црна Гора, изјави црногорскиот претседател.

Милатовиќ вчера за ТВ Црна Гора изјави дека фокусот на неговата посета на Белград ќе биде целосно нормализирање на односите со Србија како важен економски партнер.

Според него, најважен сегмент од посетата ќе биде повторно размената на амбасадори, бидејќи ниту Србија има амбасадор во Подгорица, ниту Црна Гора има амбасадор во Белград.

Милатовиќ рече дека ќе го покани претседателот Александар Вучиќ да дојде во Црна Гора и изрази уверување дека тој тоа ќе го прифати. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK