– Во Пехчево утре ќе се врши теристичко третирање против комарци кое ќе се врши на поширокото подрачје на територијата на Општината Пехчево со акцент на поголемите и помали водотеци. Во рамки на третирањето, како што информираа од општината, ќе бидат опфатени сите зелени површини во градот, сообраќајници, места за одмор, како и протечни и стоечки води.
-Со третирањето ќе бидат опфатени течението на реката Писа во Пехчево, барскиот систем Езерце и сите зелени површини и улици во градот и околината односно, границата на третирање започнува од северо-запад од атарот на с.Чифлик и течението на река Писа во правец на Пехчево. Од градскиот стадион и градските гробишта третирањето ќе продолжи во правец на север, северо-исток кон м.в. ,,Елата” и с.Негрево. Во правец на југ и југо-запад третирањето ќе се спроведе во правец на индустриската зона за мало стопанство, кон месноста ,,Бодовица” и градската депонија, информираат од Општина Пехчево.
Оттаму апелираат пчеларите од Пехчево и околните места во периодот на третирањето да ги обезбедат своите пчелни кошници.
-Целта е заради избегнување на можноста од негативни влијанија, односно заради безбедност на пчелните семејства.
Третирањето е закажано за 10.07.2022 година, (понеделник) во периодот од 17:00 – 04:00 часот. Во случај на врнежи прскањето ќе се одложи за наредниот ден во истото време, додадоа од општина Пехчево.
Доколку продолжи временската нестабилност продолжи теристичкото третирање на возрасни комарци, како што посочија ќе се одолжи за оној ден кога ќе се создадат услови за тоа.