– Од Центарот за управување со кризи информираат дека е изгаснат пожарот околу граничниот премин „Богородица“, каде што гореше нискостеблеста шума.
– Со ангажман на субјекти од Системот за управување со кризи од локалната самоуправа Гевгелија пожарот околу граничниот премин „Богородица“, каде што гореше нискостеблеста шума, бил изгаснат во 17.30 часот, соопштија од ЦУК.
Регионалниот ЦУК Струмица, известил дека од 15.42 часот гори ниска стеблесна шума околу граничениот премин „Богородица“ на површина околу половина хектар (0.5 ха).
– Веднаш на терен биле излезени 3 ПП возила од Територијалната противпожарна единица со девет пожарникари, тим од МВР Гевгелија со четири гранични полицајци и тим од ЕВН „Македонија“ за исклучување на напојување со електрична енергија, согласно оперативните стандардни процедури, појаснуваат од ЦУК.