Со оглед на тоа дека Христијан Мицкоски во изминатиот период дијаметрално менува ставови во секоја изјава не гледаме потреба да придаваме преголемо значење.
Тоа е одлика на човек кој често менува став и нема основно чувство за државност.
Наместо да работи на интеграција, Христијан Мицкоски сака да се прикажува како експерт за изолација и блокади.
Мицкоски има право да се изолира себеси, но нема право да ја изолира државата.
Неговата штетна политика на одбивање дијалог и обиди за блокади е доказ дека е подготвен и да ја закочи државата, да биде изолирана, само затоа што нема капацитет и не знае да реши ниту еден проблем и предизвик.
СДСМ нема да дозволи земјата да изгуби нови 11 години во изолација, како што се случи тоа во времето на шефот на Мицкоски, Никола Груевски.
Заедно со коалициските партнери и со сите партии кои се за европска иднина во европскиот блок ќе продолжиме со одговорно и државничко однесување. Ќе направиме се за продолжување на европскиот пат на земјата, да ја внесеме Македонија во ЕУ и да ја релизираме стратешката цел.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ