– Москва е алармирана од уште еден бран на ескалација на Косово. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ навреме побара одржување седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Портпаролката на Министерството, Марија Захарова изјави дека „ситуацијата излегува од контрола, и дека постои директна закана за опстанокот на српскиот народ на Косово“.
„Секој чекор кон решение на Косово, како и дијалогот меѓу заинтересираните страни (Белград и Приштина), треба да се води во рамките на меѓународното право врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“, рече Захарова.