– Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека Лондон ја „обесхрабрува“ употребата на касетна муниција, посочувајќи дека Велика Британија е една од 123-те потписнички на Конвенцијата со која се забранува нивна употреба.
Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Џо Бајден се согласи да испрати касетни бомби во Украина.
– Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина против илегалната и неиспровоцирана инвазија на Русија, но тоа го направивме со обезбедување тешки борбени тенкови и најново оружје со долг дострел и се надеваме дека сите земји ќе можат да продолжат да ја поддржуваат Украина, посочи Сунак.