– Рускиот дипломат во Обединети нации, Дмитриј Пољански изјави дека Москва побарала нов состанок на Советот за безбедност на ОН, на кој ќе се дебатира за експлозиите на гасоводот Северен поток.
Тој додаде дека Русија бара состанокот да се одржи на 11 јули.
Побаравме нов отворен состанок на Советот за безбедност на ОН за експлозиите во Северен поток на 11 јули. Русија на состанокот ќе покани неколку интересни непристрасни говорници, посочи Пољански.