Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Овие денови случајот Феникс уште еднаш го потврди криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014, но го потврди и вистинското лице на Христијан Мицкоски.
Мицкоски го брани криминалот на ДПМНЕ и се става над законите, над Уставот.
Со неговите изјави Мицкоски застана против уставниот поредок на државата, против демократското општество кое значи независност на судската власт одредена со Устав и Закон.
Ниту е Мицкоски над Уставот ниту е Мицкоски над Законот.
Македонија е демократско општество и се почива на Закон и Устав, на процедура и на надлежни институции а не на волјата на поединци.
Кој е Мицкоски да дели правда, да кажува кој треба да одговара а кој не?
Може Мицкоски да се замислува што сака но ниту е судија, ниту обвинител.
Ова покажува дека Мицкоски е ист како Никола Груевски, сака да е и суд и обвинител, да суди и да пресудува.
Желбата на Мицкоски нема да може да се оствари, ние тоа нема да го дозволиме.
Тоа време заврши и никогаш повеќе нема да се врати. Досега требаше да му бидеа јасно.
Прво што требаше да направи Мицкоски е да се извини и јавно да се огради од криминалците во сопствените редови, пред се за Скопје 2014 и 27-ми април а потоа и за другите случаи.
Една треба да му биде јасно, секој што го прекршил законот мора да се соочи со правдата и со одговорноста.
Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ