Прв „Ракија базар“ во Охрид

rakija_8877878
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Повеќе од 25 семејни дестилерии со повеќе од 50 етикети квалитена ракија, вињак, ликер ќе се претстават на првиот „Ракија базар“ што во организација на здружението „Македонски дестилерии“ вечерва ќе се одржи на малиот плоштад кај Долна Порта во Охрид.

Сите излагачи- дестилерии се регистрирани во регистерот на производители, а со оглед на тоа што голем дел од дестилериите се и регистрирани семејни винарии предвидена е дегустација и на вина.


Настанот е поддржан и од „Слоу Фуд Охрид“ и на него ќе бидат претставен и вината од „Monastery“ винаријата, потоа специјалитетите од „Пирустија Неданоски“, локални специјалитети на „Sezer’s Organic Farm“, лебовите на Весна Миленкоска, макалото од „Papas Food“ од Охрид, коњакот „Premium brandy” коњакот на винаријата „Мал Св.Климент“ и разни други производи.

„Ракија базарот“ е предвидено да започне во 16 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK