Голем број верници во Бигорски за одбележувањето на Иванден

ikoni_bigorski_3453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во  Бигорскиот манастир, веќе пристигнаа поголем број верници од повеќе делови на државава во чест на одбележувањето на втората манастирска слава, 7 јули, денот кога се слави сечесниот празник на рождеството на патронот и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован.

Традиционално за празникот Рождеството на Свети Јован Претеча – Иванден се очекува поголемо присуство на верници и гости во текот на утрешниот ден.


– Редовно доаѓам на одбележувањето на празникот на рождеството на патронот. Потекнувам од село Горенци, Дебарско а поголемиот период од животот го минав во Дебар. Од пред десеттина години живеам во Охрид но за празникот секогаш сум тука со сопругата, децата и внуците. Уште повеќе што и ќерка ми се вика Иванка, која е родена на денешен ден. Каде и да сме за нас жителите од поширокото подрачје манастирот е нашата гордост, вели 75-годишниот Русе Апостоловски.

Тука се и група пензионери од Битола а посебно восхитена од убавината, мирот и спокојот што го чувствувате со првиот чекор е Цвета Тасевска, која по вторпат е во посета на манастирот.

Инаку,  одбележувањето започнува вечерва кога  во Свештената бигорска Обител ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:30 часот, а на кое молитвено ќе претстои старецот и игумен на бигорската Обител, Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј.

Утре  во 08:45 часот ќе биде пречекан надлежниот владика, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско- кичевски, г. Тимотеј а во 9 часот почнува Светата архиерејска Литургија.

Ова е втора слава на манастирот, првата,  отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован е на 11 септември.

Манастирот е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин. Вгнезден во пазувите на планината Бистра  над 1000 години опстојува како потврда за православието на овие простори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK