Во Дом на млади-Штип се одржува меѓународна летна работилница во организација на невладината НЕЦИ.
Петар Златков, член на Надзорниот одбор НЕЦИ истакна дека оваа година темата на работилница е „Алатки и методи за решавање на конфликти“.
-Работиме со млади и возрасни насочени кон намалување на дискриминацијата и маргинализацијата, реализирање на нашиот заеднички европски идентитет преку повеќе активности што се засноваат на семинари, работилници. Денес реализиравме втора по ред меѓународна летна работилница на тема: Алатки и методи за решавање на конфликти, вели Златков.
Забележува дека конфликтот е дел од животот и оти не можеме да се сокриеме од конфликтот, или да се преправаме дека не се случува. Се јавува во семејствата, пријателствата, училиштето, работата, соседството и општо во нашето општество.
-Преку интерактивни вежби и предавања учевме за правилно управување со конфликтите. Учесниците се стекнаа со вештини и знаења за решавање конфликти соодветни за нивната возраст како тинејџери. Стекнатите вештини од денешната работилница се солидна база секој еден од учесниците да воспостави здрави односи, да го спречи насилството кај младите, да воспостави добар однос за добро вработување и генерално да биде поуспешен во животот, рече Златков.
Денешен обучувач е Ренос Георгиу, претседател на НЕЦИ- Кипар, професионалец со огромно искуство со работа со млади ширум цела Европа.