Без вода утре од 9 часот ќе бидат дел од жителите од скопските села Драчево, Морани и Студеничани и од викенд населбата Морани.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на затворач од ф-250 милиметри на улицата „Јустинијан Први“ без број.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.