Општина Гостивар планира преку јавно-приватно партнерство да постави 11.300 фотоволтаици

opstina Gostivar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советот на општина Гостивар донесе одлука со која ќе отпочне со постапка за поставување на фотоволтаици на имот кој е во нејзина сопственост.

Локалната самоуправа на денешната седница на советот од советниците побара и доби поддршка за реализирање на проект со кој на имотот и покривите на 29 објекти, да се постават соларни панели за производство на електрична енергија.


-Овој проект треба да се реализира по принцип на јавно-приватно партнерство, со што економскиот оператор ќе треба да инвестира и да ги користи минимум 15 до максимум 25 години. Општина Гостивар како партнер може да добие 5 или 10 отсто од добивката, кажа претставникот на општина Гостивар.

Во дискусиите дел од советниците напоменаа дека времетраењето на концесијата треба да биде помала и да се однесува на рокови од 15 години и 10 години да се обезбеди повисок процент од профитот. Како важен услов беше напоменато, идните оператори да ги намируваат сметките за струја на објектите на кои ќе бидат поставени фотоволтаиците.

Според физибилити студијата, со овој проект на објекти како градинки, спортски сали, училишни згради, општински претпријатија и во дворовите треба да се постават околу 11.300 панели кои би произведувале околу 7.500 мегават часови електрична енергија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK