Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски прими благодарница од Културната асоцијација на Македонците од Равена “Пријателство – Amicizia” за спонзорство на проект во делот на спорт и спортски активности “Турнир во мал фудбал во Лидо Адриано” во Равена, Република Италија.
– Општина Маврово и Ростуше упатува честитки на организаторите и на сите волонтери кои беа дел од овој прекрасен спортски и културен настан. Ова беше убава можност реканскиот народ да се собере на едно место и да се дружи, забавува и спортува, информираа од општината.
Нашите сограѓани, додаваат, преку оваа организација уште еднаш ја потврдија сложноста, солидарноста и културата на реканскиот народ и почитувањето на редот и законите во било која држава и да се наоѓаат.
– Веруваме дека со ваквите спортски и културни настани се промовираат позитивните вредности на реканскиот народ и се потврдува дека сме пример за вреден, културен и домаќински народ, посочуваат од општината.
Од оваа општина, поточно од подрачјето на Долна Река во некоја од западно европските земји, живеат околу 15 илјади лица, најмногу од нив во Италија и во Германија.