СВР-Битола во првите шест месеци одзеле различни видови дрога

стаматова
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На подрачјето на Битола од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во првите шест месеци од оваа година, а во врска недозволена трговија со дрога и употреба на наркотични средства на подрачје на Битола поднесени се вкупно 28 кривични пријави за сторени 37 кривични дела против 38 сторители.

Од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола пронајдени и одземени биле различни видови дрога, марихуана, хероин, кокаин, семки од канабис сатива, амфетамин, метамфетамини,таблети МДМА,таблети дијазепами,трамадоли…


-Во овој период поднесени се 2 кривични пријави по Законот за опојни дроги против 4 сторители. Исто така, поднесени се 37 барања за поведување на прекршочна постапка по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир против 43 сторители. Од страна на инспекторите во криминалистичката полиција извршени се 29 претреси во домови и други простории, при што лишени од слобода и приведени во полициска станица биле 95 лица. Ако направиме споредба со истиот период минатата 2022 година, во овие шест месеци од 2023 година бележиме поголема активност во откривачката дејност и во однос на поднесоците, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

СВР Битола ќе продолжи со несмалено темпо со мерките и активностите во спречувањето на шверцот со дрога и наркотични средства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK