Се санираат последиците од наносите во тетовските села

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во тетовските села Непроштено, Теарце и Лешок денес се продолжи санирањето на последиците од поплавите и наносите кои се случија вчеранавечер поради невремето проследено со интензивен дожд, град и ветер.

Непроштено е најмногу погодено од невремето, бидејќи освен патиштата поплавени се и дворови, подруми и делови од куќите. Граѓаните се жалат дека проблемот во Непроштено е што нема соодветно решение за одвод на атмосферската вода.


– Вчера кај шест и нешто почна да врне грми, имаше големо невреме, такво невреме во Непроштено немам видено, многу вода надојде, надојде во долот и малата река што ни е, поради нечистење и несредување на коритото, од страна на Општината, по цел главен пат на Непроштено имаше поплавени подруми на многу фамилии. Среќа нема многу голема штета, секој си знае за себе. Дрва има по пат, кај мене подрумот и гаражата ми е цела со тиња, сега општинава треба да реагира ако е сега не знам кога да направи канали покрај патот и водата од патот по каналите би идела кај што треба да иде, изјави Александар Исаилоски жител на Непроштено.

– Беше горе многу невреме, реката и кога дојде водата, поради затнати цевки, пуштила водата и еве гледате, што е сега работава. Затоа треба мост да има и да иде водата, вчера со багер го вадеа песокот и го ставија ваму. Исто одозгора каналот го направија со цевки и тој се поплави, кај може цевка да прими толку вода. Цевките да се тргнат и да тече водата слободно. Блокиран е патот кој го поврзува едниот со другиот крај селото. И не може да се помине, мора да се врти, рече уште еден жител на Непроштено.

Градоначалникот на Општина Непроштено Нухи Незири рече дека со вчерашната интервенција во самото речно корито спречиле поголеми поплави.

– Поплавени се двете населени места Теарце и Непроштено, после дождовите вчера попладне, критични места беа речното корито во Непроштено, кај што успеавме дел од мостот да го санираме, и спречивме да не се поплави поголемиот дел од село Непроштено. Поплавени се подрумските простории во Непроштено преку со пожарникари и со механизација се повлече водата, а денес се обидуваме да се расчисти останатите дел од наносите, истакна Незири.

За несоодветното справување со атмосферската вода, Незири обвини дека тоа е така направено порано.

– Од наша страна детектирани се недостатоци, посебно каналите односно водотеци на атмосферска вода. Треба да се води сметка каде оди атмосферска вода, кај мостот на реката поставени се цевки без стандарди што доведува до катастрофални последици. Се обидуваме истото да биде отстрането и во иднина таквите планови да се градат со стандарди. Посебно покрај реката и каналите каде редовно треба да има проток на атмосферските води и да се гради со стандарди и поголеми цевки, изјави Нухи Незири.

Во текот на вчерашниот ден со своите возила во Непроштено интервенираше и Тетовската противпожарна единица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK