Изгореа околу два декари неожнеано жито во атарот на село Уларци. Пожарникарите од Територијалната Противпожарна единица-Штип дојавата за пожарот ја добиле во 11.40 часот.
Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека пожарот е изгаснат и е спречено ширење на огнените јазици кон другите земјоделски култури.
Посочува дека нивата со жито е зафатена од запалено стрниште. На терен биле излезени петмина пожарникари со две противпожарни возила. Коцев апелира до земјоделците да не ги палат стрништата по жетвата на житните култури, бидејќи ги загрозуваат останатите земјоделски култури, како и шумските појаси.