Се расчистуваат наносите од поројните дождови во Каменичко

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Екипи на Јавното претпријатие „Камена Река” се вклучени во отстранување на атмосферските наноси предизвикани од обилните и поројни врнежи со дожд кои вчера во попладневните часови ја зафатија територијата на Македонска Каменица. Во расчистувањето е вклучена крупна механизација, која синоќа и денеска делуваат на повеќе локации од локалните патишта и улици во приградските средини и периферните делови на Македонска Каменица.


– Се работи на чистење на делови од локалниот пат кон Стара Каменица, кај Тачовско и Стипцарско маало. Поголеми атмосферски наноси екипите на ЈП Камена Река отстранија и од повеќе критични места на двата излези од Македонска Каменица кон соседните градови Кочани и Делчево, информираа од ЈП „Камена Река”.

Екипите на претпријатието, додаваат, ќе останат на терен до целосно расчистување на наносите.

– Активностите се реализираат според потребите за целосно нормализирање на состојбата со проодноста на сите локалните патишта на територијата на Општина Македонска Каменица, додадоа од ЈП „Камена Река”.

Обилни поројни дождови вчера имаше на повеќе локации во Пијанечкиот регион.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK